Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Васоски си замина од Вардар!

Официјално: Васоски си замина од Вардар!

Александар Васоски го потврди она што се најавуваше – повеќе не е тренер на Вардар.

Сергеј Самсоненко иако имал ветувања се уште не ги подмирил старите долгови и поради тоа тешко е да се пронајде човек кој ќе го превземе македонскиот спортски бренд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По денешната победа над Беласица, Васоски потврди дека заминува и уште еднаш повика Вардар да не го доживее најцрното сценарио.

„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност. Сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката која му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот.

Почитувани вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб, затоа што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио.

Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но немам веќе сили да се борам. Затоа од денеска официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до „Комитите“ и сите поддржувачи на Вардар и мој апел до надлежните да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“, порача Васоски.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…