Дома Трансфер зона Официјално: Валери Божинов потпиша за 15-тиот клуб во кариерата

Официјално: Валери Божинов потпиша за 15-тиот клуб во кариерата

Три недели откако ја напушти Ријека, Валери Божинов пронајде нов ангажман.

Прославениот бугарски напаѓач, Валери Божинов (32) кариерата ќе ја продолжи во родната земја.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Втор пат во својата кариера, Божинов ќе игра за еден бугарски клуб откако се договори со новиот член на првата лига во оваа земја.

Напаѓачот кој своевремно го носеше дресот на Јувентус и Манчестер Сити ќе настапува за Ботев од Враца.

Тоа ќе биде 15-тиот клуб во кариерата на прославениот напаѓач кој имаше чест да го носи дресот на некои од најголемите клубови во Европа.

Вториот дел од сезоната Божинов го помина во Ријека, клуб со кој спогодбено го раскина договорот поради статусот кој го имаше.

https://www.facebook.com/BotevVratzaOfficial/posts/10160671550895237

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…