Дома Фудбал Италија Валери Божинов доби црвен картон уште пред да дебитира за Пескара

Валери Божинов доби црвен картон уште пред да дебитира за Пескара

Фудбалерите на Пескара вчера доживеаа тежок пораз на гостувањето кај Кротоне (4:1) во рамките од 25. коло од Серија Б.

Кротоне игра навистина добро сезонава и јасно е дека целта на овој тим е враќање во Серија А. Од друга страна на Пескара не и оди баш најдобро, но се уште имаат шанси да влезат во плеј-офот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пескарап ред десетина дена во своите редови го доведе искусниот бугарски напаѓач Валери Божинов. Овој 33 годишен фудбалер пристигна како слободен играч откако половина година беше без клуб.

Тој вчера не доби прилика да дебитира за Пескара и на тоа ќе мора да чека уште два натпревари бидејќи доби црвен картон. Божинов остана клупата и во 27. минута доби директен црвен картон поради навредување на судијата.

Бугаринот не ни дебитирал за својот клуб, а веќе ќе одработува суспензија што е нешто кое ретко се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…