Дома Фудбал Германија Официјално: Баерн Минхен доведе нов тренер на голманите

Официјално: Баерн Минхен доведе нов тренер на голманите

Денес Баерн Минхен и официјално го именуваше Михаел Рехнер за нов тренер на голманите откако од таа функција беше сменет Тони Тапаловиќ.

Баварскиот клуб претходно соопшти дека 42-годишникот стратег кој претходно работеше во Хефенхајм ќе се придружи на тимот, но не откри детали од неговиот договор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Баерн претходно го отпушти Тапаловиќ на 23. јануари, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ изјави дека до прекин на соработката дошло поради различно гледање на работите.

Ноеер и Тапаловиќ заедно се придружија на Баерн во 2011 година, претходно соработуваа и во Шалке. Германскиот голман дури и јавно зборуваше дека не му се допадна начинот на кој Тапаловиќ бил отпуштен.

Баерн после 19 натпревари е лидер на табелата во Бундеслигата со 40 бодови и има еден бод повеќе од второпласираниот Унион Берлин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…