Атлетико Мадрид ја искористи кризната ситуација во Спортинг Лисабон и го „украде“ еден од најголемите таленти на португалскиот фудбал, Желсон Мартинс.
„Јорганџиите“ денес објавија дека Желсон Мартинс потпишал 6-годишен договор и дека во Мадрид пристигнал како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот Желсон Мартинс е дете на Спортинг Лисабон, но успеа да го раскине договорот со португалскиот клуб. Па така Атлетико за без пари доби играч лија моментална вредност изнесува 35 милиони евра.
Мартинс беше дел од португалската репрезентација на Мундијалот и за него интерес покажаа многу европски гиганти.
.@GelsonMartins_ se convierte en nuevo jugador del Atlético de Madrid.
➡ https://t.co/WtcwKqVnM0#AúpaAtleti pic.twitter.com/AHmoZ6hWMX— Atlético de Madrid (@Atleti) July 25, 2018