После лекарските прегледи кои беа во текот на денот, Адриен Рабио потпиша договор со Јувентус.
Поранешниот играч на Пари Сен Жермен во Јувентус доаѓа како слободен играч. Иако во официјалната објава од тимот од Торино не е објавена должината на договорот познато е дека се работи за договор на четири години вреден седум милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24 годишниот поранешен репрезентативец на Франција од 2013 година е во Париз и за овој клуб одигра 227 натпревари постигна 25 голови и забелжа 20 асистенции.
Рабио се поврзуваше со Барселона, но потоа Каталонците го обезбедија потписот на Френки Де Јонг од Ајакс.
Сега тој стана последниот слободен агент кој му се придружи на Јувентус, а „старата дама“ уште еднаш покажа дека е мајстор за вакви зделки.
À bientôt, @Adriien_Rabiiot !https://t.co/bI7QXrM5QN#LiveAhead pic.twitter.com/a04RFGDpxX
— JuventusFC (@juventusfc) July 1, 2019