Дома Топ вести Откриено првото летно засилување на Милан

Откриено првото летно засилување на Милан

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со младиот играч за врска.

„Вистина е дека преговарам со Милан. Тоа е се што можам да кажам, ќе видиме што ќе се случи ова лето“, изјави Собислај.

Собослај е голема желба на Ралф Рагник, кој ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона. Германскиот тренер веќе разговарал со играчот и го убедил да се пресели на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…