Дома Трансфер зона Откриено: Овој клуб ја плаќа клаузулата за Нејмар!

Откриено: Овој клуб ја плаќа клаузулата за Нејмар!

Барселона ќе се обиде по секоја цена да го задржи Нејмар во своите редови, но ќе биде немоќна да го направи тоа доколку се појави клуб кој е спремен да ја плати откупната клаузула.

Токму тоа го тврдат шпанските медиуми, односно новинарот Данкан Кастис кој пренесува дека Манчестер Јунајтед е спремен ова лето да ја активира откупната клаузула за Нејмар која изнесува 200 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во таков случај Барса не се прашува за ништо, па се останува на волјата на играчот, но медиумите тврдат дека неговиот татко ги влечи конците и дека е спремен да го пресели на Островот.

Покрај Манчестер Јунајтед, наводно и Пари Сент Жермен е спремен да ја плати таа сума, но Нејмар преферира преселба на Островот, доколку ја напушта Барселона.

Во моментов оваа вест е на ниво на шпекулација, па останува да видиме што ќе се случи на лето, кога Јунајтед повторно ќе има огромен буџет за трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…