Влијание имале неколку фактори, еден човек одлучил во името на сите, не е вистина дека Мбапе не сакал да чека, во прашање се други работи…
На крајот Килијан Мбапе заврши во ПСЖ, меѓутоа остана нејасно што се случило со Реал, имено на првиот состанок со ПСЖ, младиот играч изјави дека негова желба е да премине во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мбапе неодамна изјави дека неговиот првобитен план бил да остане во Монако, но потоа се случило нешто за што фудбалерот не сакаше да зборува. Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал се откажал од неколку причини и дека не е точна приказната дека Мбапе не сакал да чека.
Наводно, Зидан го посакувал но само ако Бејл замине, во спротивно сметал дека во Реал за Мбапе нема место. Клучниот притисок според шпанските медиуми го извршил Кристиано Роналдо. Тој се заканувал со заминување ако Мбапе биде доведен со финансиските услови за кои се зборуваше.
Флорентино Перез сметал дека со доаѓањето на Мбапе соблекувалната на некој начин би можел да се подели. Роналдо во разговор со Перез го убедувал дека е лудост да се плати 180 милиони евра за Мбапе како и дека тимот е одличен и без него и помеѓу редови нагласил дека ќе замине доколку тоа се случи.
За Реал оштетата веројатно не би била проблем, голем проблем за „кралевите“ би можела да претставува платата на Мбапе која целосно би ја променила структурата во клубот, а сигурно не сакаа и да го изгубат и Роналдо. Покрај тоа Бејл одби да го напушти клубот ова лето, па едноставно шпанскиот гигант не пронајде начин да го доведе Мбапе.