Во викендот кој е зад нас во НБА беше резервиран за „Ол-Старот“ кој се одржа во Шарлот.
На затварањето на овој „Ол-Стар“ на главниот натпревар помеѓу сите ѕвези беше откриено дека домаќин на следниот настан ќе биде „Јунајтед центарот“ во Чикаго, домот на Чикаго Булс.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Викендот од 14-ти до 16-ти јануари во 2020 година ќе биде резервиран за собирот на најдобрите во НБА лигата.
Откриено беше и логото на новиот „Ол-Стар“.
Ќе потсетиме последниот „Ол-Стар“ натпревар во Шарлот заврши со победа на тимот на Леброн.
ЈАНИС ТИМ – ЛЕБРОН ТИМ 164:178 (53:37, 42:45:36:50, 33:46).
Леброн тим: Дурант 31 (6/9 за три), Ленард 19 (5/11 за три), Џејмс 19 (1/8 за три), Харден 12 (4/13 за три), Ирвинг 13, Дејвис 5, Олдриџ 2, Таунс 11, Лилард 18, (6/17 за три), Симонс 10. Вејд, 7, Томпсон 20 (6/12 за три, Бил 11 (3/10 за три).
Јанис тим: Адетокумбо 38, Џорџ 20 (6/12 за три), Ембид 20, Кари 17 (4/17 за три), Грифин 10, Новицки 9, Мидлтон 20 (6/10 за три), Јокиќ 6, Вучевиќ 4, Расел 6, Лаури 3, Вестбрук 17 (1/8 за три).