Дома Фудбал Останато Откриено зошто Саудијците свиреа на минутата молк за Бекенбауер

Откриено зошто Саудијците свиреа на минутата молк за Бекенбауер

Реал Мадрид и Барселона ќе играат во финалето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, а пред првиот полуфинален меч помеѓу градските ривали Реал и Атлетико од трибините се слушнаа свирежи во текот на минутата молк за неодамна починатиот Франц Бекенбауер.

Таквите сцени беа оценети како срамни и на најголем дел од јавноста не и беше јасно зошто се овие свирежи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Еден саудиски новинар се обиде да објасни дека навивачите во Саудиска Арабија немале ништо против Бекенбауер и не мислеле ништо лошо.

„Свирежите немаат никаква врска со Бекенабуер, тоа е културен проблем. Во Саудиска Арабија луѓето не се навикнати да има минута молк за ништо“.

Свирежи имаше и за Тони Крос, но за него е познато дека ги доби затоа што јавно ги критикува фудбалерите кои одат во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…