Во Премиер лигата како и вообичаено владее вистинска лудница во последниот ден од преодниот рок и сите клубови се „растрчани“ на сите страни договорајќи ги посакуваните фудбалери во последните часови.
Манчестер Јунајтед од вчера вечер започна преговори со Јувентус за Марио Манџукиќ, но сега „Би-Би-Си“ ексклузивно пренесува дека од тој трансфер нема да има ништо.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Изгледа дека клубовите не се договориле околу оштетата, а покрај тоа и Манџукиќ не ги договорил личните услови.
Манџукиќ барал 150.000 фунти неделно, тврди „Тајмс“ и Јунајтед сметал дека тоа е премногу за напаѓач кој е во 33-та година од животот.
Во Јунајтед нема да заврши, меѓутоа тешко дека Хрватот ќе остане во Јувентус бидејќи не е во плановите на Сари. Претходно тој се поврзуваше со Борусија Дортмунд и клубови од Кина.