За тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид медиумите пишуваа уште од порано, но сега во јавност излегоа нови детали од новодната расправија помеѓу капитенот Серхио Рамос и првата ѕвезда Кристиано Роналдо.
„Диарио Гол“ тврди дека односот помеѓу Роналдо и Рамос повеќе не е ни приближно онаков како што беше некогаш и дека капитенот со сите сили се обидува да стекне статус на највлијателен играч во соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите откриваат дека соблекувалната е поделена во три фракции, онаа на Роналдо на чија страна се Марсело, Каземиро, Навас, Карим Бензема и Рафаел Варан, а до пред неколку месеци биле и Пепе, Хамес Родригез и Коенрао.
Другата е шпанска фракција која покрај капитенот Рамос ја сочинунаат и Лукас Васкез, Начо, Иско, Асенсио, Тео Хернандез, Маркос Љоренте, Себаљос и Карвахал, додека во последната и најмала група се Лука Модриќ, Крос, Бејл и Ковачиќ.
„Диарио Гол“ пренесува дека Рамос сака да осигура превласт во соблекувалната така што ќе ја придобие групата на Лука Модриќ. Наводно капитенот организирал вечера на која ги повикал Иско, Асенсио и Модриќ и притоа му прижил поддршка на Хрватот.
Колку во сите ова има вистина е големо прашање, но факт е дека работите во соблекувалната на Реал се далеку од идеални што покажува и лошата форма на „кралевите“ оваа сезона.