Дома Фудбал Италија Откриени деталите од договорот помеѓу Мората и Јувентус

Откриени деталите од договорот помеѓу Мората и Јувентус

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората денес треба да го комплетира трансферот во Јувентус.

„Старата дама“ за едногодишна позајмица ќе плати 10 милиони евра, а следното лето ќе има право да го откупи за 45 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мората денес треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот со Јувентус.

Италијанските медиуми открија дека Мората во Торино ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона со вклучени бонуси.

Тоа е малку од актуелната плата која Шпанецот ја добива во Атлетико, но Мората се согласил да на помали примања за да се пресели во Јувентус.

Тој веќе го носеше дресот на „старата дама“ од 2014 до 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој …