Оле Гунер Солскјер дојде како привремен тренер на кормилото на Манчестер Јунајтед, но со добрите резултати веројатно му го промени мислиењето на раководството.
Послендите информации од Островот говорат дека Солскјер најверојатно ќе добие постојан договор во Манчестер Јунајтед, па веќе почнал да ја планира следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека на „црвените ѓаволи“ им се потребни засилувања за да можат да бидат конкурентни за титулата, а сега се откриени и главните трансфер мети на Солскјер.
Солскјер наводно се откажал од наремара да купи скап централен дефанзивец и поголемиот дел од буџетот ќе го потроши на засилување на крилните позиции.
Примарна трансфер цел е Џејдон Санчо, младиот фудбалер на Борусија Дортмунд кој оваа сезона докажа дека се работи за неверојатен потенцијал и играч кој би можел да биде една од најголемите ѕвезди во иднина.
Овој 18-годишен фудбалер веќе ја воодушеви Германија, но и Европа, па тешко дека „милионерите“ ќе можат да го задржат уште долго во своите редови.
Ole Gunnar Solskjaer is ready to hold off splashing out £80m on a centre-back this summer in order to secure the £100m transfer of Jadon Sancho. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/7BHu5UyPuC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 13, 2019
Клубот од „Олд Трафорд“ сигурно ќе ја засили и одбраната за наредната сезона, па во плановите на Солскјер се еден десен бек и еден централен дефанзивец.
На „Олд Трафорд“ би можел да пристигне и Филипе Кутињо, фудбалерот на Барселона кој игра под сите очекувања оваа сезона на „Камп Ноу“.