Дискусиите за предизвикувачкиот карактер на работата на фудбалските судии стануваат се почести во Англија. Количината на притисок под кој работат во Премиер лигата е огромна. Описот на работата е да трпат навреди од навивачите, а во случај на грешка, судиите се напаѓаат од медиумите, социјалните мрежи и телевизиските личности.
Поранешниот премиерлигаш, а сега коментатор Џермејн Џенас неодамна преку Твитер го навреди судискиот тим од лондонскиот дерби дуел помеѓу Арсенал и Тотенхем, по што го избриша статусот и се извини на англиската ФА и на судиската професија во целина.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Некои британски медиуми веќе пишуваа дека фудбалот таму страда од недостиг на судии, бидејќи се помалку млади се одлучуваат на тој повик во ситуација кога судиите трпат навреди и разни форми на насилство дури и на полупрофесионално ниво.
Сепак, достигнувањето на самиот врв на таа професија и судењето во највисокиот ранг на островскиот фудбал има свои предности, особено финансиски. Англискиот портал GiveMeSport открива дека судиите во Премиер лигата заработуваат меѓу 110.000 и 240.000 фунти годишно, додека нивниот бонус по натпревар е 1.500 фунти.
За споредба, просечната годишна плата Англија е околу 28.000 фунти. Помошниците судии заработуваат 30.000 фунти годишно со бонус од 850 фунти по натпревар, а исто толку заработуваат и ВАР судиите.