Зинедин Зидан има кадровски проблеми пред важни натпревари кои го очекуваат во Ла Лига, меѓу кои е и „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ против Барселона.
Тренерот Зинедин Зидан не може да смета на Марсело кој е повреден, а на Ел Класико најверојатно нема да играат ниту Герет Бејл и Еден Азар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„АС“ објави дека Зидан на теренот ќе излезе со двајца напаѓачи, односно со формација 4-3-1-2. Секако, во случај уште некој да не се повреди пред мечот со Барселона.
На голот ќе биде Куртоа, Карвахал како десен бек, Варан и Рамос во центарот на одбраната, а Менди ќе игра како лев бек.
Пред одбраната ќе играат Крос заедно со Модриќ и Валверде, а Иско ќе биде најистурен во средниот ред, додека во нападот покрај Бензема, ќе игра и Родриго.