Како што пренесуваат италијанските медиуми, соблекувалната на Интер е поделена на три фракции, а една од нив ја сочинуваат балканските играчи.
Токму кога Интер започна да игра подобро се појавија нови проблеми. Сагата околу новиот договор со најдобриот стрелец на тимот Мауро Икарди негативно влијаеше на моралот во Интер, а работите станаа навистина проблематични.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди на 13-ти февруари ја изгуби капитенската лента и од тогаш не игра за Интер. Официјалната причина е повреда, но никој не верува во тоа. Всушност и Интер со свое соопштение порача дека Икарди нема проблеми со коленото.
Италијанската „Ла Република“ дојде до интересни информации од соблекувалната на тимот на Лучијано Спалети. На овој медиум неименуван извор им открил како стојат работите во соблекувалната.
Како што се тврди станува збор за еде нфудбалер кој открил се што се случува.
„Никој од нас не го замоли Спалти на Икарди да му ја одземе капитенската лента. Икарди го налути тонот кој Спалети го користеше во критикувањето на соиграчите и го праша дали може да се смири. Тоа се случи после една победа и немаше потреба за хистерија“.
„Се што се случи беше многу насилно. Кога му беше одземена капитенската лента тоа остави трага на името на Муаро, тој се обрати на клубот и им кажа ека има 97.5% посетеност на време на тренинзите со што ја докажал својата професионалност. Сепак, тоа не му помогна и на Спалети не му можеше никој ништо. Клубот кој се бори за Лигата на шампионите не можеше да интервенира“, зборувал неименуваниот фудбалер.
Потоа тој открил дека соблекувалната е поделена на три фракции.
„Нашата соблекувална е поделена на три фракции: Италијанци, Јужноамериканци и Балканци. Мауро е добар со сите освен со Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и новиот капитен Самир Хандановиќ“, откри „кртот“.