Дома Фудбал Остануваат помалку од 100 дена до истекот на договорот на Меси

Остануваат помалку од 100 дена до истекот на договорот на Меси

Иако Лионел Меси изгледа дека е повторно среќен во Барселона, сепак не се знае дали тој ќе го продолжи договорот со клубот од „Камп Ноу“.

Веќе остануваат помалку од 100 дена до истекот на неговиот договор и тој има право да преговара со други клубови.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Аргентинецот е на „Камп Ноу“ веќе од 20 години, но во последната година засилено се зборува за негово заминување од клубот. Минатото лето дури и самиот Меси побара трансфер, но тој не му беше дозволен.

Меси не беше задоволен од работењето на бившиот претседател Бартомеу, меѓутоа новиот претседател најави дека главна цел е да го задржи на „Камп Ноу“.

Тоа им дава надеж на фановите дека Меси може да потпише нов договор, но преговороте се уште не се започнати, а Аргентинецот е слободен да преговара со други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детали за роденденската забава на Јамал: Добил синџир на подарок вреден 400.000 евра

Еден од најочекуваните родендени последните години во светот на фудбалот доби гламурозна, …