Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Османи: ФФМ нема обврска да го менува амблемот

Османи: ФФМ нема обврска да го менува амблемот

Вчера беше отворено Европското првенство на кое за првпат ќе игра Македонија, а пред почетокот на првиот натпревар кој го играа Турција и Италија стигна жалба од Грција за нашите дресови, поточно за aмблемот.

За истиот приговор, односно допис бил испратен и до Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска на прес конференција даде одговор околу оваа тема:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари.

Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари. Се додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа“, рече Османи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…