Познатиот новинар Марсело Бешлер кој се прослави со објавувањето на трансферот на Нејмар во ПСЖ тврди дека Барселона би можела да го ангажира Оскар.
Бразилецот ги изненади сите кога во 2017 година одлучи да го напушти Челзи и да замине по милионите во кинескиот фудбал во редовите на Шангај. Во еден период од престојот во Шангај Оскар беше помеѓу топ 5 најплатени фудбалери во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Бешлер пренесува дека би можел да се врати во Европа и е спремен да игра за помала плата во Барселона. Каталонците сигурно нема да можат да му ги обезбедат финансиските услови од Кина.
Очекувањата се Барселона да ангажира напаѓач до крајот на овој преоден рок, а останува да видиме дали Оскар ќе биде тој напаѓач.