Во претходните денови Бразилецот Оскар се поврзуваше со враќање во Европа и тоа во редовите на Барселона.
Сега, Оскар потврди дека со Барселона имало разговори, а дека таков трансфер би можел да се случи на лето поради финансиските проблеми во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговаравме со Барселона, можеби на лето. Преговорите не се завршени, треба да се договорат повеќе работи. Во овој момент тие имаат проблеми со регистрацијата на играчи. Треба и јас да зборувам со Шангај, затоа ќе видиме што ќе се случи на лето“, изјави Оскар.
Оскар пред неколку години ја изненади фудбалската јавност кога играше одличен фудбал во Челзи и одлучи да се пресели во Кина.