ДАНИЕЛ СТАРИЏ (33) стана нов стручен коментатор на Sky Sports.
Англиската телевизија објави дека поранешниот напаѓач на Англија ќе биде дел од шоуто во недела во рамките на првото коло од Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Стариџ ќе ги коментира натпреварите со Гери Невил, Џејми Карагер, Џејми Реднап, Мика Ричардс, Рој Кин и други.
„Премиер лигата започнува, возбуден сум што ќе бидам дел од неа со Sky Sports.
Со нетрпение очекувам да го искористам моето искуство за да им го претставам на гледачите што се случува на теренот.
Ќе биде возбудлива сезона.“ рече Стариџ за време на презентацијата.
Стариџ помина низ фудбалската школа на Манчестер Сити и играше за Болтон, Челзи, Ливерпул, Вест Бромвич Албион, Трабзонспор и Перт Глори.
Во 2021 година, тој се обиде да ја оживее својата кариера во австралискиот клуб откако заврши четиримесечната суспензија поради кршење на правилата за обложување.
Сепак, Перт го раскина договорот бидејќи Стариџ имаше проблеми со повреди, па од јули 2022 година е без клуб. За англиската репрезентација има 26 настапи и осум гола.
Ја освои Лигата на шампионите со Челзи и Ливерпул, беше шампион на Англија со Челзи и двапати го освои ФА Купот со истиот клуб. Со Трабзонспор го освои Купот на Турција.