Добрите игри и резултати ја сместија Барселона на врвот на табелата во шпанското првенство, но клубот е во финансиски проблеми и прашање е како ќе изгледа во вториот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Дани Олмо да не игра по првиот ден од јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во преговорите што ги води со својот истакнат спонзор, Барселона очекува финансиско засилување преку претходно договорените бонуси. Сепак, се е одложено за почетокот на следната година и 60-те милиони евра што ги очекува клубот може да доцнат.
Ова е проблем не само поради јануарскиот преоден рок туку и поради пријавувањето на Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната.
И двајцата, пишува Спорт, се пријавени само до 31 декември и се уверени дека клубот ќе најде решение за проблемот. Има пари за регистрација на еден од двајцата.
Олмо пристигна во Барселона на почетокот на август во трансфер од РБ Лајпциг и потпиша договор со каталонскиот клуб до летото 2030 година. РБ Лајпциг го продаде шпанскиот играч за врска за 55 милиони евра и бонуси во износ од седум милиони евра.
Барселона во договорот вгради клаузула за обештетување од 500 милиони евра. Тој постигна три гола на четири првенствени натпревари за Барселона.