Eден од најдобрите наши фудбалери, Стефан Ристовски е пред заминување од португалски Спортинг.
Ристовски е отпишан во Спортинг и поради тоа би требало да ја промени средината овој јануари. Македонскиот бек тренира со вториот тим на португалскиот тим, а во овој преоден рок се поврзува со повеќе клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред неколку дена беше објавено дека грчки АЕК сака да го доведе македонскиот фудбалер. Сега медиумите во Грција пишуваат шампионот Олимпијакос сериозно влегол во трка за потписот на Ристовски.
Според нивните информации Ристовски е прва желба на тренерот Педро Мартинс.