Дома Фудбал Германија Оливер Кан: Ако Милер сака да си замине, јас би го запрел

Оливер Кан: Ако Милер сака да си замине, јас би го запрел

Томас Милер е икона на Баерн Минхен и тешко може да се замисли овој тим без својата „25-ка“, но во последно време се најавуваше дека ќе си замине.

Милер целата своја кариера ја помина во Баерн, но со доаѓањето на Томас Тухел падна во втор план. Поради таквата ситуација се појавија гласини дека Милер би можел за првпат во кариерата да ја промени средината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, легендарениот Оливер Кан кој во Баерн извршува улога на спортски директор порача дека тоа нема да се случи.

„Тоа нема да се случи. Дури и Милер да сака да замине, јас би го запрел“, изјави Кан за „Билд“.

Според германските медиуми, Милер има понуди од САД и Саудиска Арабија.

„Томас е во форма, никогаш не е повреден и има неверојатен карактер. Тој е важен за целата структура на Баерн. Сигурен сум дека ќе одигра уште многу натпревари за нас“, додаде Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…