Раководните луѓе на Атлетико Мадрид направиле првичен контакт со ѕвездата на Арсенал, Месут Озил и му понудиле договор на крајот на сезоната, тврдат медиумите на Островот.
Договорот на Озил со Арсенал истекува на крајот на сезоната, по готово сигурно Германецот ќе го напушти „Емирати“ без обештетување.
Медиумите веќе подолго време тврдат дека интерес за Озил покажува Манчестер Јунајтед, но сега во трката за потписот се вклучил и тимот на Диего Симеоне.
Според медиумите Атлетико го сака Озил следното лето како слободен агент и е спремен да му понуди плата од 200.000 фунти неделно. Меѓутоа, таа сума е пониска од онаа која Германецот ја бара од Арсенал за да го продолжи договорот.
Доколку Озил ја прифати понудата на „јорганџиите“, тоа за него ќе биде враќање во Мадрид бидејќи три сезони играше во дресот на „кралевите“.