Дома Фудбал Италија Одоговор за Мурињо: Во Серија Ц сум доживеал работи какви што никогаш не ми се случиле во Серија А

Одоговор за Мурињо: Во Серија Ц сум доживеал работи какви што никогаш не ми се случиле во Серија А

Жозе Мурињо имал жесток говор во соблекувалната откако неговата Рома била елиминирана од Интер во четвртфиналето од Копа Италија. Детали од неговото излагање пред фудбалерите беа објавени во јавноста.

Најголемо внимание привлече реченицата во која Мурињо им порачал ако немаат „мади*а да одат да играат во Серија Ц.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


После ваквата споредба на Мурињо во италијанските медиуми се огласи Роман Петричоне кој денес игра за Цитаделa во Серија Б, но во кариерата играл и во третото по ранг натпреварување во Италија. Кариерата Петричоне ја започна во Милан.

„Во серија Ц ми плукаа во лице, ми ставаа прсти во очи, ми се закануваа во тунелот…Такви работи во Серија А никогаш не ми се случиле во Серија А. Кога се зборува за Серија Ц можеби подобро да се зборува за техничките квалитети, тие секако се поинакви“, порача капитенот на Цитадел кој зад себе има настапи во Серија А, Б и Ц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Роналдо не знае да игра, а постигна 900 гола, замислете да знаеше…“

Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано неодамна одново го привлече вниманието со…