Дома Фудбал Италија Одлични вести за Јувентус: Пјаниќ експресно се враќа на терените!

Одлични вести за Јувентус: Пјаниќ експресно се враќа на терените!

pjanic

Босанскиот репрезентативец и чле нна Јувентус, Миралем Пјаниќ во натпреварот помеѓу БиХ и Австрија се пожали на повреда поради која беше заменет и го пропушти пријателскиот натпревар против Шпанија.

Во Јувентус беа загрижени после веста за повредата на Пјаниќ, па тој набрзо се врати во Торино. Сепак, после првите прегледи утврдено е дека се работи за полесна повреда и во таборот на „старата дама“ можат да воздивнат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега италијанските медиуми пренесуваат дека Пјаниќ би требало да биде спремен веќе за наредниот викенд кога Јувентус ќе го игра натпреварот од првенството против СПАЛ.

Под знак прашалник за овој натпревар остануваат Сами Кедира и Федерико Бернардески, додека Киелини се врати на тренинзите откако како и Пјаниќ го напушти репрезентативниот камп после натпреварот помеѓу Италија и Португалија.

https://www.youtube.com/watch?v=uvAMQIwtWcE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…