Најдобрата тенисерка на светот, Каролина Плишкова се пласираше во второто коло на УС Опен, откако денес славеше против Магда Линет од Полска со 6:2 и 6:1.
Плишкова и Линет во вториот меч одиграа во затворено, бидејќи поради дождот во Њујорк е повлечен кровот на стадионот „Артус Еш“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште една чешка тенисерка, Барбора Стицова избори пласман во второто коло од УС Опен. Таа славеше над Мисаки Дои од Јапонија со 6:1 и 6:3.
Белгиската тенисерка, Јанина Викмајер на стартот беше подобра од Украинката, Лесе Цуренко со 6:3 и 6:1, додека Романката, Сорана Кирстеа ја победи Лесли Керкхов со 6:1 и 6:3.
Дождот во Њујорк и натаму паѓа, така што единствено на овој стадион не е прекината програмата.