Дома Останати Кошарка Одличен почеток: Ѓорѓи Кочов на дебито во Германија славеше победа над силниот Олденбург!

Одличен почеток: Ѓорѓи Кочов на дебито во Германија славеше победа над силниот Олденбург!

Тимот на германски Чемнитз каде што асистент е македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов вчера забележа голема победа над силниот Олденбург.

Во еден изедначен и неизвесен натпревар тимот на Чемнитз на крајот славеше со 79:78. Најефикасен во тимот на Кочов беше Исиаха Мајк со 19 поени, додека на спротивната страна не беа доволни ниту 34. поени на Макс Хеиденгер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На трибините покрај корона мерките се најдоа над 4500 гледачи. Кочов со голем успех го водеше МЗТ, а сега има одличен почеток во Германија. Се надеваме на уште поголеми успеси во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден…