Дома Трансфер зона Одличен потег: Ливерпул договори големо засилување

Одличен потег: Ливерпул договори големо засилување

Изгледа дека Ливерпул завшри одлична работа, момчето кое беше на метата на Барселона, ќе заврши на „Енфилд“.

Неколку англиски медиуми објавија дека работата е завршена, со бонуси би требало да изнесува околу 25 милиони евра. Ница нема да го спречи одличниот Жан Мишел Сери да го засили Ливерпул. Ова момче е желба на Барселона, Чави го препорача за свој наследник, но Барса е концентрирана на Кутињо и Дембеле по заминувањето на Нејмар.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сери е од Брегот на Слоновата Коска, станува збор за фудбалер кој ја импресионираше Европа минатата година играјќи за Ница, Французите преговараа со Интер, но на крајот Спалети се одлучи за некои други опции на средината.

Сери не е млад, има 26 години, од 2015. е во Франција, претходно играше во Португалија. Дебитираше за „Слоновите“ пред две сезони, кога пристигна во Ница за кого одигра 72 натпревари. Од дресот на клубот од Азурниот брег, би требало да се опрости на вечерашниот натпревар против Наполи во квалификациите за ЛШ.

Сери би бил друга опција за Клоп, по Наби Кеита кој би бил невозможна мисија, бидејќи Лајпциг не сакаше да го продаде. Сери беше мета и на Арсенал, но Венгер не може да се ослободи од вишокот на играчи, па Ливерпул тоа го искористи и ја доби оваа трка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…