Дома Луд Спорт Одличен и на фудбалскиот терен: Ѓоковиќ како Кристиано Роналдо (видео)

Одличен и на фудбалскиот терен: Ѓоковиќ како Кристиано Роналдо (видео)

Освен што е најдобар во светот на тениските терени, Новак Ѓоковиќ на дело покажа дека одлично „барата“ и со фудбалската топка.

Ѓоковиќ во очекување на стартот на АТП Мастерсот 1000 во Мајами и мечот против Бернард Томиќ се релаксира играјќи мал фудбал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Популарниот Ноле во последно време многу често заедно со својот тим е на фудбалскиот терен.

Најдобриот светски тенисер сега уште еднаш потврди дека одлично игра фудбал, Ноле постигна гол со глава како вистински центарфор и тоа во игра на мали голови.

Ѓоковиќ својата „мајсторија“ ја постави на социјалните мрежи, каде го означи и Кристиано Роналдо, за и тој да го види овој негов потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…