Дома Македонски спорт Одбојкарите против моќната Полска – вечерва Македонија нема што да загуби!

Одбојкарите против моќната Полска – вечерва Македонија нема што да загуби!

Aктуелниот освојувач на Светската лига на Нации, репрезентацијата на Полска е противник на македонските одбојкари вечерва од 20:00 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија вчера одигра фантастичен натпревар во кој ја победивме Црна Гора со 3:0 и така речиси и да го обезбедивме осминафиналето. Во следните три натпревари нашите одбојкари ќе се обидат да се изборат за што е можно подобар пласман една од првите четири позиции.

Подобриот пламан би ни донел веројатно полесен противник во осминафиналето, па затоа секако и овие натпревари се важни.

Полска е фаворит и за освојување на Европското првенство, има одбојакри како Вилфредо Леон и Бартош Курек, па затоа во овој меч нема што да се загуби.

Но против Полска имаме и една победа, тесна со 3:2, преостанатите ги загубивме со 3:0 и еднаш со 3:1.

Полјаците се големи фаворити, но дефинитивно нашите момци нема да излезат со бело знаме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…