Белгиецот, Еден Азар веројатно ги брои последните недели во дресот на лондонски Челзи.
Се поизвесно е дека репрезентативецот на Белгија ова лето ќе потпише договор со Реал Мадрид, а Челзи за неговите услуги би требало да добие повеќе од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, иако наскоро се очекува да се раздели од Азар, Челзи денес имаше интересна објава откако дознаа дека Азар не е во идеалниот тим на Премиер лигата.
Оваа одлука ја соопштија како многу изненадувачка.
„Нашата „десетка“ игра фантастична сезона исполнеата со фудбал на високо ниво и неговото изоставување од тимот на сезоната за нас е големо изненадување. Со статистиката оваа сезона едноставно мораше да се најде таму. Ја игра најдобрата сезона кога се головите и асистенциите во прашање и е водечки во Премиер лигата по тој параметар“, стои во соопштението на Челзи.
Идеалниот тим на Премиер лигата е избран со гласови на професионалните фудбалери, а дури 10 играчи доаѓаат од редовите на Ливерпул и Манчестер Сити.
Единствен кој се најде во тимот, а не игра во овие два тима е Пол Погба од Манчестер Јунајтед. И неговиот избор е предмет на многу коментирање бидејќи Погба оваа сезона не игра кој знае каков фудбал, ако се одземат само неколку натпревари.
Во продолжение можете да погледнете како изгледа тимот на годината во Премиер лигата.