Дома Фудбал Останато Од следната сезона започнува Конференциска лига

Од следната сезона започнува Конференциска лига

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го избра името за новото клупско натпреварување кое ќе започне од сезоната 2020/21.

Имено, покрај Лигата на шампиони и Лига Европа ќе започне уште едно натпреварување кое ќе се вика Конференциска лига, открива германскиот весник „Билд“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новото натпреварување и Лига Европа ќе имаат ист формат – осум групи со по четири клуба од кои победниците одат во нокаут фазата.

Пред групната фаза ќе има плеј-оф за второпласираните од групата со третопласираните од Лига Европа. Идејата е бројот на клубови во Лига Европа да се намали од 48 на 32, а остатокот да се префрли во Конферециската лига.

Победникот од ова ново европско натпреварување ќе се пласира директно во Лига Европа следната сезона. Клубовите во ова натпреварување ќе поделат 240 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Промена во Реал: Еден состанок го измести текот на сезоната во само 15 дена

На почетокот од март, поточно на 2 март, се чинеше дека Реал Мадрид е во сериозна криза. П…