Дома Фудбал Италија Од денес и официјално: Галијани и Берлускони ја стартуваат новата мисија

Од денес и официјално: Галијани и Берлускони ја стартуваат новата мисија

Италијанска Moнца од денес и официјално доби нови сопственици.

Силвио Берлускони и Адријано Галијани се вратија во фудбалот. Не се на голема сцена како некогаш во Милан, но кога се такви експерти во прашање не би било чудно и за некоја година Монца да ја гледаме и во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Компанијата на Берлускони во целост ја купи италијанска Монца, неговиот помлад брат ќе биде дел од клупската структура додека Адријано Галијани ќе биде поставен за извршен директор.

„Финвест купи 100% од уделот во клубот. Новиот управен одбор ќе го сочинуваат Никола Коломбо (претседател), Паоло Берлускони, Адријано Галијани, Роберто Мацо и Данило Пелегрино. Галијани е поставен за извршен директор“, стои во официјалното соопштение.

Извештаите од Апенините гласат дека нив би можел да им се придружи и Рикардо Кака кој би се вратил од пензија и би бил играч на Монца, секако ова пред се ќе биде потег за подобар маркетинг на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…