Во натпреварот од 13-тото коло во германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд на „Вестфален“ го победи Фрајбург со 2:0.
Борусија стигна до предност во 40-тата минута со голот на Марко Ројс од пенал. Во продолжението од вториот дел во игра влезе Пако Алкасер и до крајот на натпреварот во првата минуда од судиското продолжение успеа да постигне погодок и така да ја потврди победата на „милионерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот напаѓач со овој гол продолжи со импресивните настапи во дресот на „црно-жолтите“ и дојде до 10-тиот гол и тоа од 10-тиот удар кон противничкиот гол.