Дома Фудбал Останато Овој пат не е лажна вест: Роналдо и неговиот агент опремуваат болници!

Овој пат не е лажна вест: Роналдо и неговиот агент опремуваат болници!

Фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо и неговиот агент Жорж Мендеш ги здружија силите донираа вредна опрема која ќе спасува животи во португалските болници.

Роналдо и Мендеш ќе донираат опрема за две оделенија во болницата „Санта Марија“ во Лисабон. Секое оделение ќе добие по 10 кревети, респиратори, монитори за срце, пумпа за инфузија, како шприцеви, се наведува во соопштението од болницата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај тоа опремена ќе биде и болницата „Санто Антонио“ во Порто за која ќе донираат 15 кревети за интезивна нега, респиратори како и целата останата опрема.

„Сакаме да им се заблагодариме на Роналдо и Мендеш за потегот кој е од голема важност кога земјата се бори со овој противник“, изјави Паоло Барбоса претседател на Административниот дел од болницата „Санто Антонио“.

Инаку, неодамна се појави вест во која се тврдеше дека Роналдо своите хотели ќе ги претвори во болница, сепак таа вест се покажа како лажна што не е случај со оваа која е потврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Промена на правилата во Лигата на шампионите согласно УЕФА

УЕФА објави важна промена на правилата што би можела да ги спаси играчите кои клубовите ги…