Дома Трансфер зона Овој напаѓач е главна трансфер цел на Мурињо!

Овој напаѓач е главна трансфер цел на Мурињо!

Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку ќе биде главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Лукаку со 24 гола момоментално е прв стрелец во Премиер лигата, а веќе неколку години е меѓу најдобрите напаѓачи на Островот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Белгиецот призна дека на крајот на сезоната ќе го напушти Евертон, па претходните месеци се шпекулираше дека би можел да се врати во Челзи, каде не доби голема шанса после доаѓањето во 2011 година.

Меѓутоа, Мурињо бара замена за Златан Ибрахимовиќ и токму во Лукаку гледа идеална замена за Швеѓанецот, кој нема да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Медиумите тврдат дека „Специјалниот“ е спремен да им плати на „карамелите“ 60 милони фунти, двојно повеќе од сумата која Евертон ја потроши за да го донесе од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…