Запознајте ја познатата фитнес инструкторка Саманта Клејтон која е задолжена за брзината на теренот на Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашната спринтерка, а денес еден од најценетите женски гуруа во светот на фитнесот и спортот, Саманта Клејтон, навистина ја работи работата од соништата. Таа е толку ценета во својата област што ја ангажираше и лично Кристиано Роналдо, да се грижи за неговата брзина на фудбалските терени.
Бившата репрезентативка и олимпијка од Велика Британија (тогаш со моминско презиме Дејвис) преку атлетиката успеа да го доведе ионака неверојатно спремниот Португалец во перфектна форма, така што сега тој е еден од физички најдоминантните, но и најбрзи фудбалери на терените ширум светот.
А мора да се признае дека и таа воопшто не е лоша. Иако има 38 години, одржува фантастична форма, а може да се пофали и со импресивна мускулатура.