ПСЖ му пресуди, Карло Анчелоти попладнево заработи отказ, но кој ќе го замени искусниот Италијанец на клупата на баварците?
Во Баерн немаа многу трпение, лошите резултати на стартот од првенство и дебаклот во Париз го направија своето. Сега, како привремен тренер на Германците ќе биде назначен помошникот на Анчелоти, Вили Сањол кој е поранешен првотимец на овој тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како прва и најреална опција во овој момент се споменува Томас Тухел, човекот кој во овој момент е без ангажман. Tухел е тренер кој во својата кариера нема работено надвор од Германија, а беше тренер на три клуба. Аугусбург, Мајнц и најголемиот ривал на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд. Најдолг период помина во Мајнц каде што се задржа пет години од 2009 до 2014 година и соработуваше една сезона со нашиот Николче Новески, потоа ја превзема клупата на „милионерите“ и во Дортмунд помина две години.
Втората опција која во овој момент и не е така реална е, Јулијан Нагелсман. Младиот тренер на Хофенхајм е голема желба на гигантот од Минхен, а прв пат започна да се поврзува со овој клуб кога на стартот од сезоната со својот Хофенхајм го совлада Баерн со 2:0. Сепак, засега не е јасно колку Нагелсман ќе има желба да го напушти Хофенхајм после само неколку натпревари во новата сезона.