Дома Луд Спорт Ова се вика луда среќа: Гол каков што се гледа еднаш на 100 години!

Ова се вика луда среќа: Гол каков што се гледа еднаш на 100 години!

Синоќа се играше дербито во Чемпионшип, а Њукасл го победи Брајтон на гости и се искачи на врвот на табелата.

„Сино-белите“ имаа водство од 1:0 со голот на Мари од пенал, а потоа Њукасл израмни со исклучитепно среќен гол за кој денес зборува цела Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мохамед Диаме израмни на 1:1 во 81-та минута, и тоа откако една топка случајно се удри во неговата пета и заврши онаму каде што не можеше да брани голманот на Брајтон.

Целата ситуација уште побизарна ја направи дефанзивецот на Брајтон кој чекаше на гол линијата, но не успеа да спречи гол. До крајот гостите постигнаа уште еден гол во 89-та минута и ги освоија трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…