Во шпанските медиуми во последно време се повеќе се пишува за тоа дека Модриќ на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид иако веќе неколку години е еден од најважните играчи во екипата на Зинедин Зидан.
Модриќ во „Кралскиот клуб“ пристигна од Тотенхем и за кратко време стана еден од најважните играчи на оваа екипа. Меѓутоа, во последно време се повеќе се пишува за тоа дека хрватскиот репрезентативец на крајот на сезоната ќе ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во шпанските медиуми денеска се појави информација дека Модриќ веќе изразил желба кариерата да ја продолжи во САД. Како што пишува „Спорт“, Модриќ им октрил на своите соиграчи дека има голема желба да си оди во МЛС, а наводно за него е заинтересиран ЛА Галакси.
Доколку овој клуб од Лос Анџелес успее на лето да го доведе Модриќ, тогаш во екипата ќе има уште една огромна ѕвезда покрај Златан Ибрахимовиќ. Но, сето тоа треба да се земе со резерва со оглед на тоа што Модриќ има 32 години и сигурно уште многу да покаже на големата фудбалска цена.