Италија ќе го пропушти Светското првенство за прв пат во последните 60 години.
По катастрофалниот квалификациски циклус под водство на Џампјеро Вентура, Азурите во плејофот беа исфрлени од солидната Шведска.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Вентура неуспехот го плати со отказ и сега италијанскиот сојуз бара нов селектор. Се зборуваше за Клаудио Раниери и Карло Анчелоти, меѓутоа, доколку можеме да веруваме на „Gazzetto Dello Sport“, актуелен фаворит е и поранешниот селектор и сегашен тренер на Челзи, Антонио Конте.
Конте, под кој Италија одлично играше на минатото Европско, наводно веќе некое време е незадоволен на „Стемфорд Бриџ“ и во моментов е прв избор на претседателот на италијанскиот сојуз.