Дома Фудбал Ова не е можно, не, ова не е реално: Какво лудило, каква завршница, сензационален шампион!

Ова не е можно, не, ова не е реално: Какво лудило, каква завршница, сензационален шампион!

Тотална драма и лудило во белгискиот шампионат, поточно во групата за шампионот во последното коло.

Тоа е фудбалот, емоции, лудост. Во битка за титулата пред крајот на колото беа три екипи. Антверпен имаше 46 поени, колку и Ројал Унион, а Генк имаше 45 поени.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иако пред крајот на колото беа на третото место со 45 бодови, Генк беше на прагот на титулата, а потоа шок, но да почнеме по ред.

Ројал Унион го пречека Клуб Бриж. На домаќините им беше потребен триумф во одлична атмосфера за титулата и големо славје, додека Клуб Бриж одигра натпревар за престиж.

Ројал водеше со 1:0 до 89. минута. Стрелец на водечкиот гол беше Адринга во 46. минута.

Во финишот кошмар за домашните. Најпрво Клуб Бриж израмни на 1:1 преку Хоме во 89. минута и во тој момент Генк беше шампион.

Дека работите може да бидат полоши за Ројал се покажа во 93. минута кога Ланг погоди за 1:2, а во 100. минута Сандра погоди за конечни 1:3 и триумф на Клуб Бриж.

Пазете го ова сега. Генк водеше со 2:1 до 93. минута против Антверпен и го чекаше резултатот од вториот натпревар и кога Клуб Бриж поведе, Генк беше шампион во тој момент, а потоа следуваше лудило. Во 95. минута преку искусниот Алдервирелд, Антверпен доаѓа до 2:2 и титулата шампион во финиш што веројатно повеќе нема да го видиме во европскиот фудбал!

Во 88. минута Ројал ја имаше титулата, а во 93. шампион беше Генк, а на крајот Антверпен го отвори шампањот.

Каков финиш во Белгија за паметење и филмско сценарио!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сколс одамна најави кој ќе ја освои Лигата на шампионите (Видео)

Пол Сколс, легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, се докажа како доб…