Ламин Јамал е вистинска сензација на ЕП. На 16 години успеа да стартува и да постигне гол и со тоа да ја внесе својата земја во финалето на Европското првенство.
И тоа не беше каков било гол, тоа беше уметност, а покрај останатиот дел од државата, голема благодарност искажа и неговиот татко Мунир Јамал, кој испрати порака по натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Како татко и личност, ти благодарам дон Ламине Јамал. Ти благодарам синко – напиша таткото на младиот фудбалер.
После тоа, тој објави уште еден коментар.
Колку е убав овој живот, фала ти Боже – додаде Мунир.
Џамал без никакво сомневање го привлече вниманието на многу скаути по синоќешниот натпревар, а неговиот гол ќе биде еден од најубавите во целиот шампионат.