Управата на Барселона и ПСЖ вчера во Париз преговараа за враќање на Нејмар во Каталонија, но конечене договор засега не е постигнат.
После неколку часа вчера вечер преговорите завршиле, а како што пренесуваат медиумите значаен напредок во преговорите не се постигнал и се очекува во наредните денови одново да седнат на места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај тоа што вчера не беше пронајдено решение управата на Барселона сигурно нема да се откаже и ќе се обидува до крај на преодниот рок да го врати Нејмар.
Според информациите голема е можноста ако се договорат на крај Фелипе Кутињо да заврши во Париз, бидејќи најголем дел од медиумите пренесуваат дека понудата на Барселона била Кутињо, Ракитиќ и 100 милиони евра.
Проблем наводно во овој момент прави и Ракитиќ кој не сака да го напушти „Камп Ноу“.