Toтенхем не ја отвори баш најдобро новата сезона во Премиер лигата „петлите“ беа поразени на свој терен од Евертон (0:1) во првото коло.
„Петлите“ ниту ова лето не доведоа некои звучни засилувања и ја продолжија својата традиција да не трошат многу пари. Меѓутоа јасно е дека на екипата на Жозе Мурињо и се потребни промени ако сакаат да бида конкуретни оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дејли Мејл“ денес објави дека португалскиот стратег пред се во своите редови сака да доведе напаѓач, тоа Мурињо и сам го потврди пред неколку дена. Според најновите информации желба на Мурињо е напаѓачот на Франкфурт Бас Дост за кого Тототенхем би требало да плати околу шест милиони евра.
Дост би бил резерва на Хари Кејн и сигурно и тој самиот не ни сонувал дека ова лето ќе му се отвори можност да потпише за Тотенхем. Овој 31 годишен напаѓач во Франкфурт пристигна пред една година од Спортинг и на 24 натпревари во Бундес лигата постигна осум голови.
Jose Mourinho has told Tottenham chairman Daniel Levy to sign Eintracht Frankfurt striker Bas Dost. It’s thought the target-man could cost £5.5m. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/jbAIhk5nSF
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 14, 2020