Јувентус ја пронајде замената за Мехди Бенатија.
Мароканецот беше упорен да го напушти Торино поради малата минутажа која ја добива и изгледа успеа во својата намера.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Човекот кој скоро никогаш не греши кога во прашање се случувањата во Јувентус, новинарот Ромео Агрести утрово објави дека Јувентус постигнал договор за враќање на Мартин Касерес.
Касерес во својата кариера веќе на два пати го носеше дресот на Јувентус. За Јувентус, Касерес прво настапуваше во сезоната 2009/2010, а потоа од 2012 година до 2016.
Според Агрести договорот е помеѓу Јувентус и Касерес е постигнат, Уругваецот ја дал својата согласност.
Очекувањата се да нема проблеми и кога е Лацио во прашање. Начинот на договорот засега не е објавен, но се очекува се да биде готово до крајот на денот или најдоцна утре.
Од друга страна истиот момент кога Касерес ќе пристигне во Торино, Бенатија ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Катар, Јувентус за неговиот трансфер би требало да добие 10 милиони евра.
#Juventus ➖ #Caceres tris al traguardo, si attende solamente l’ok della #Lazio ??⚪️⚫️
? https://t.co/9u7gkxWKI2
?@GoalItalia— Romeo Agresti (@romeoagresti) January 25, 2019